Одложено судењето за кражбата во Музеј на Македонија- ново рочиште за еден месец

21.07.2014 12:53

Од Музејот недостигаат околу 166 артефакти. Осомничените, според обвинението, ги изнесувале вредните предмети од депоата на Музејот и ги препродавале во златарница.

Се одложи судскиот процес за обвинетите за кражбите на артефакти со непроценлива вредност во Музејот на Македонија што беа откриени во ноември, минатата година. Одбраната побара, согласно законот, да им бидат дадени на увид доказите, па процесот се одложи за сепртември.

Со обвинителниот акт поднесен до основниот суд Скопје 1 седум лица се обвинети за сторени кривични дела: „отуѓување на културно наследство од особено значење во државна сопственост“, „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

 

Фиљана Кока