МВР
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
05.11.2024 11:13
На 04.11.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Р.(28) од Велес.

На 04.11.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Р.(28) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, соопштија од МВР.
А.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.
