Македонија

Повторно одложено судењето за модуларната болница во Тетово

05.11.2024 12:04

По трет пат е одложено повторното судење по пожарот во тетовската модуларна болница, откако на повторно судење го врати Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година...

По трет пат е одложено повторното судење по пожарот во тетовската модуларна болница, откако на повторно судење го врати Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година.

Денеска рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, а судијката која го заменуваше го закажа за 15 јануари 2025 година во 10 часот.

Првиот обид за повторено судење беше на 26 јуни година 2024 година, па се одложи за 25 септември, кога исто така не се одржи јавна расправа.

Апелацискиот суд во април годинава донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.