МВР
Едно лице загина, три се повредени во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Росоман
05.11.2024 12:18
Од Итната медицинска помош во Кавадарци информираат дека загинатото лице починало на самото место, додека трите повредени се пренесени во кавадаречката болница.

Едно лице го загубило животот, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила кај селото Рибарци, на регионалниот пат Кавадарци-Росоман.
Од Итната медицинска помош во Кавадарци информираат дека загинатото лице починало на самото место, додека трите повредени се пренесени во кавадаречката болница.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека сè уште е во тек увидот на местото и дека подетални информации ќе соопштат по неговото завршување.
