Развој на креативен туризам во Македонија
Мапирање на конкретните културни вредности во државата за привлекување повеќе странски туристи – иницира Министерството за култура. Но велат потребни повеќе вакви јавни дебати што ќе дадат насоки за стратегија и посебни програми по спојувањето на ресорите култура и туризам...

Мора да си ги мапираме конкретните културни вредности, фолклорот, музиката, археологијата, винскиот туризам за да привлечеме повеќе странски гости, став на министерот за култура и туризам.
По Коридорот 10 во летната сезона дневно транзитираат до 500 илјади туристи, на тој потег има 50 мали семејни винарници до кои нема рути.
И културните оператори со години се трудат да привлечат туристи, но им треба помош од надлежните на локално ниво. Секој крај си има свои обележја за промоција.
За подобри резултати претставниците од креативните индустрии бараат да се направи рангирање на брендовите, како во соседството.
Наташа Јанчиќ - Менковски
