Осум демонстратни од протестите за „Монструм“ на обвинителна клупа

21.07.2014 13:00

Почна судскиот процес против осумтемина обвинети за учество во четвртојулските протести поради пресуда за случајот „Монструм“.

Се товарат дека оштетиле имот во вредност од близу милион и 600 илјади денари и повредиле 20 полициски службеници од кои четворица со тешки телесни повреди.

Одбраната и обвинетите ги отфрлија обвиненијата. Дел од нив побараа судот според новиот Закон за кривична постапка да им ги достави на увид доказите.

Судењето беше прекинато поради технички пропусти на судот.

Фиљана Кока