Избори САД 2024

Американските граѓани гласаат и во Македонија

05.11.2024 13:14

Американската амбасадорка Агелер веќе гласаше. Ги повика сите американски граѓани во Македонија да го остварат демократското право...

Американците го бираат новиот челник на Белата куќа. Секој глас, клучен во обликување на иднината на нацијата и политиката на земјата. Американската амбасадорка Агелер веќе гласаше. Ги повика сите американски граѓани во Македонија да го остварат демократското право.

„Мојата порака како американски амбасадор е многу конзистентна. Како што е и овде со вашите избори, апсолутно е од витален интерес, секој граѓанин да излезе и да гласа. Гласањето во демократија е света одговорност и огромна привилегија. Јас гласав и ќе го правам тоа, многу се надевам во мирно и правично предавање на власта. Тоа го очекуваме и се надеваме на тоа, и како и сите вас, и јас очекувам да видам кој ќе победи. Значи сите заедно ќе го гледаме тоа“, изјави амбасадорката Агелер.

Зоран Богатинов известува од Американската амбасада.