Статистика
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
05.11.2024 17:25
Цените на угостителските услуги во октомври во споредба со септември, бележат зголемување од 1,1 процент, а во однос на октомври лани зголемување за 6,1 процент...

Цените на угостителските услуги во октомври во споредба со септември, бележат зголемување од 1,1 процент, а во однос на октомври лани зголемување за 6,1 процент, соопштува Државниот завод за статистика.
Податоците што денеска ги објави ДЗС покажуваат дека кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври во однос на истиот период лани е зголемен за 5,6 проценти, а во однос на декември минатата година за 3 проценти.
