Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда

05.11.2024 13:51

Ѓоковиќ е седумкратен освојувач на трофејот на завршниот турнир...

Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на завршниот АТП турнир оваа сезона.

„За мене е голема чест што успеав да се квалификувам за финалето во Торино. Навистина се радував на турнирот, но поради повреда нема да можам да играм следната недела. Им се извинувам на оние кои планираа да ги гледаат моите натпревари. На сите играчи им посакувам одличен турнир. Се гледаме наскоро!“ – напиша Србинот.

Ѓоковиќ е седумкратен освојувач на трофејот на завршниот турнир.