Израел ги интензивира нападите врз Газа

21.07.2014 13:14

Според медиумите од почетокот на акцијата животот го загубиле повеќе од 500 Палестинци, но бројот на загинати и повредени постојано расте. Загинале и 13 израелски војници...

Крв на улиците на Газа. Се интензивираат нападите на Израелската војска. Во жестоките напади изутрината загинале 9 Палестинци, членови на едно семејство, меѓунив имало и деца.

„Седевме дома одеднаш куќата беше погодена. Татко ми ни рече да излеземе надвор, ние тоа го сторивме, потоа имаше уште една експлозија. Мојата сестра загина а брат ми не знаеме каде е“, вели жител на Газа.

Според медиумите од почетокот на акцијата животот го загубиле повеќе од 500 Палестинци, но бројот на загинати и повредени постојано расте. Загинале и 13 израелски војници.

„Немаме доволно операциони сали за да им пружиме помош на оние на кои им е потребна. Има многу пациенти, овде е навистина наос“, изјави докторот Соби Скаик.

Состојбата е крајно тензична. Луѓето масовно се иселуваат од безбедносни причини. Спасувачките екипи не можат навремено да им пружат навремено помош на сите настрадани.Очевидци велат дека мртви тела има насекаде.

„Се обидуваме да ги евакуираме жителите, но бројот на починати кои ги вадиме од под урнатините е се поголем. Се молиме на Алах за прекин на огнот“, вели жител на Газа.

Советот за безбедност на Обединетите нации, по иницијатива на Јордан доцна синоќа  одржа итен состанок зад затворени врати поради ескалацијата на состојбата во појасот Газа. Итен прекин на огнот и на крвопролевањето се заклучоците од средбата. Израел мора да покаже максимална воздржаност и да  направи многу повеќе за заштита на цивилите, изјави Бан, додавајќи дека државата мора да го почитува хуманитарното право. 

„Постои само еден начин да се стави крај на војната, тоа  е решавање на причините на конфликтот и  двете страни да седнат на преговарачка маса“, вели генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

Американскиот државен секретар Џон Кери во посета на Египет, каде треба да разговора со државниот врв околу еслалацијата на состојбата во Газа. Израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека меѓународната подрчка за акцијата е многу голема и ја осуди изјавата на турскиот премиер Ердоган кој акцијата ја спореди со нацистичките постапки. 

 

Марија Петковска