МВР

Тошковски: Во иднина ќе има интересни случаи за јавноста што се поврзани со организиран криминал и висока корупција

05.11.2024 13:56

Министерот за внатрешни Тошковски најави дека во иднина ќе се расветлат повеќе случаи на организиран криминал и висока корупција.

Полицијата и Обвинителството ги разгледуваат доказите по вчерашното приведување двајца пензионирани полициски инспектори кои со години работеле како полициски кртови за криминалната група од скопски Грчец.

Министерот за внатрешни Тошковски најави дека во иднина ќе се расветлат повеќе случаи на организиран криминал и висока корупција.

„Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста, а поврзани со организиран криминал и висока корупција. Овој случај е поврзан со двајца полициски службеници во периодот кога ги сториле кривичните дела за кои се товарат, а кои денеска не се веќе полициски службеници, но во рамки на информациите што ги имам станува збор за огромен број на докази поврзани со конкретни кривични дела“, рече Тошковски денеска во одговор на новинарски прашања.

Тошковски вели дека во иднина ќе следуваат и поголем број случаи што се поврзани со доказниот материјал обезбеден од апликацијата „Скај“.

На прашањето дали тие лица ќе бидат од службите, Тошковски рече дека не би можел и не би сакал да навлегува во тие информации.