Спорт

Министерството за спорт и Државната Видеолотарија – Касинос Австрија потпишаа Меморандум за соработка

05.11.2024 15:26

Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, се обврзува да се воздржи од ангажирање на општествено препознатливи личности во ликот на поранешни и активни врвни спортисти во свои рекламни кампањи во делот на директно рекламирање ...

Министерот Борко Ристовски во име на Министерството за спорт и генералниот директор на Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, г. Костадин Каракабаков, денеска потпишаа меморандум за соработка во дејноста спорт.

Во меморандумот се утврдуваат облиците и начинот на соработка меѓу потписниците со цел да се воспостави заемно корисна соработка за промоција на вредности поврзани со спортот, односно размена на информации и соработка на активности за општествено корисни цели поврзани со спортот, како и спроведување на разни спортски активности и настани.

Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, се обврзува да се воздржи од ангажирање на општествено препознатливи личности во ликот на поранешни и активни врвни спортисти во свои рекламни кампањи во делот на директно рекламирање и промоција на производи кои се однесуваат или поттикнуваат обложување и коцка.

Државна Видеолотарија Касинос Австрија ја прифати иницијативата на Министерството за спорт за соработка.