Во МНР конференција по повод 75 години од формирањето на НАТО
Покажавме дека сме стабилна членка на НАТО. Во МНР на заедничка маса институциите, дипломатите и експертите за ризиците и безбедноста на земјава и предизвиците на Европа во колективната одбрана во Алијансата...

Безбедносната состојба во земјава е стабилна. Заканите кон сите се дезинформациите, хибридните напади и мешањето во внатрешните работи. Поради војните на Блискиот Исток и во Украина, закана по безбедноста претставува и нов бегалски бран. Затоа што општествата се ранливи се користи сеопфатен систем за безбедност каков што е НАТО алијансата. Ова беше истакнато на конференцијата „Безбедносни предизвици за Европа“.
Според познавачите, со влезот во Европската унија се подобрува и колективната безбедност. Не е добро Западниот Балкан да се држи надвор од Унијата. Меѓу приоритетите на земјава за поголема безбедност е и интегрирање на безбедносните структури.
Македонија со нов пакет помош за Украина. Министерот Мисајловски најави и забрзана модернизација на армијата.
Миле А. Ристески
