Тошковски: Организираниот криминал и насилниот екстремизам се сериозни закани за стабилноста на Западен Балкан
Има напредок во борбата со организираниот криминал, но и многу работа за справување со предизвиците. Неопходна институционална соработка, да се зајакне координацијата меѓу Царината и МВР, е една од пораките на конференцијата за организиран криминал и насилен екстремизам во Западен Балкан...

Македонија има напредок и резултати во сузбивањето на организираниот криминал-геостратешката положба на регионот е предизвик за криумчарење мигранти и нелегално оружје. Според оценките на ОБСЕ, надлежните успешно се справуваат, но потребна е поголема меѓуинституционална соработка, бидејќи организираниот криминал не познава граници.
„Организираниот криминал и насилниот екстремизам се сериозни закани за стабилноста на Западен Балкан и од витална важност е долгорочно да се зајакнат механизмите за отпорност“, велат од МВР.
Институциите се исправени пред предизвикот, но неопходна е модернизација и дигитализација на граничните премини.
Минатата година полицијата открила 111 случаи и спречила криумчарење на 1.334 мигранти. Најголем број биле од Сирија, а имало и од Пакистан, Конго и Непал.
Александра Велинова
