Реториката за предвремени избори сè поактуелна тема
Дискусијата и реториката за предвремени парламентарни избори изминативе денови се поактуелна како тема...

Дискусијата и реториката за предвремени парламентарни избори изминативе денови се поактуелна како тема. Прво, Европскиот фронт тоа го побара поради како што обвинуваа дека земјата ја води влада без етнички легитимитет, а Ахмети испрати и писмо до меѓународниот фактор, а потоа и премиерот Мицкоски од собраниската говорница упати покана до СДСМ за избори ако се сигурни во нивните политики.
Али Ахмети нема да се повлече од политиката сè додека победува, став на интегративците. Од Мала Речица тврдат дека целта не им е да влезат во Владата, туку смена на актуелната на „Илинденска“.
И лидерот на ДУИ одговори на провокациите на коалицијата „Вреди“, која побара од него да даде писмена гаранција за повлекување од политиката, ако изгуби на избори. Ахмети на средбата со граѓани во Куманово повтори дека ако доживее пораз, нема да се крие зад писмени гаранции.
И од Алијанса за Албанците на Зијадин Села излегоа со став дека на земјата и се потребни предвремени избори. Премиерот Мицкоски пак му одговори на Ахмети со повик за подготовка на ДУИ за предвремени избори, кога ќе дојде време.
Лидерот на СДСМ Филипче порача дека се спремни за предвремени избори и дека според нивните анкети незадоволството од неколкумесечното владеење на новата влада кај граѓаните било евидентно.
Милчо Велески
