Азески: Унгарскиот кредит да биде во функција за бизнисот
Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнисот мора веднаш да се стават во функција – бара првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески...

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнисот мора веднаш да се стават во функција – бара првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески, откако беше објавено дека банките не ги прифатиле критериумите под кои Владата сакаше да ги пласира 250 милиони евра, па остана нејасно кога и по кои услови тие ќе бидат достапни за компаниите.
Минатата недела, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска најави дека Владата им попуштила на банките и се нафатила трошоците да паднат на товар буџетот, што значи дека граѓаните ќе ги платат и провизиите и каматите за кредитите кои компаниите ќе ги земат. Сега се чекаат пресметките на банките за висината на провизиите. Од Владата велат дека и денеска нема ништо ново околу ова.
Не осврнувајќи се за ова во својата колумна, претседателот на Комората, Азески вели дека брзото имплементирање ќе ги охрабри компаниите да почнат да инвестираат.
