Протест во Нови Сад, демонстрантите се обиделе да упаднат во Градското собрание
Демонстрантите истуриле фекалии врз Градското собрание, порачувајќи дека тоа е перформанс бидејќи власта, фигуративно, „со години нè храни со фекалии“...

Во Нови Сад во 18 часот започна голем граѓански протест во кој учествуваа илјадници луѓе изразувајќи го своето незадоволство поради смртта на 14 лица на железничката станица.
По обраќањето на организаторот, демонстрантите се упатија кон центарот на Нови Сад каде атмосферата се вжешти пред просториите на СНС каде беа разбиени стаклата на просторијата. Потоа продолжија пред Градското собрание, каде маскирани лица фрлаа камења и црвена боја, беа прво искршени прозорците и вратите на градското собрание, а потоа внатре се фрлаа факели и петарди, обидувајќи се насилно да влезат во зградата, а полицијата реагираше и употреби солзавец.
И покрај силните полициски сили маскираните лица истураа и фекалии врз зградата на Градското собрание, а приземјето на Градското собрание се запали. Нападнат е и екипа на ТВ Н1.
Дел од организаторите на протестите, меѓу кои и пратеникот од опозицијата Мариника Тепиќ, се оградија од конфликтните ситуации означувајќи ги маскираните лица како провокатори и уфрлени лица кои сакаат да ги редифинисаат протестите.
На Инстаграм се огласи и претседателот Александар Вучиќ.
„Во Нови Сад траат морничави, насилни протести против државата Србија. Србија ќе го брани своето знаме, своето име и презиме и ќе ги казни сите сторители на криминални дела. Мојата порака е дека полицијата е многу воздржана, но немојте да мислите дека насилството е дозволено. Сите кои учествуваа ќе бидат казнети и кривично гонети од државата“, изјави Александар Вучиќ-претседател на Србија.
Граѓаните од протестот се повлекоа од центарот и се дистанцираа од маскираните лица кои и понатаму ја напаѓаат Градската куќа, предизвикувајќи ја полицијата.
Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ.
