Објавен е нов ИПАРД оглас
Oбјавен е нов ИПАРД оглас na Платежната агенција. На земјоделците и бизнисмените на располагање им стојат субвенции за алтернативно земјоделство, градинки, старечки домови, ветеринарни служби или рурален туризам. Поддршката изнесува најмалку 60 проценти од вредноста на инвестицијата...
Алтернативно земјоделско производство и нивни преработки, занаетчиство, домови за стари лица, градинки, ветеринарните служби и руралниот туризам се дејностите кои ќе се субвенционираат во новиот оглас од ИПАРД 3 програмата. Субвенцијата е најмалку 60 проценти од вредноста на инвестицијата.
Детални информации во врска со критериумите за добивање на финансиската поддршка и висината на средствата заинтересираните можат да ги добијат во Платежната агенција.
Помош за изготвување и доставување на апликациите, барателите можат бесплатно да добијат во регионалните центри на советодавната Агенција.
Според ИПАРД правилата пред склучувањето на договорите инвестицијата не треба да биде почната.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024 година. Потребната документација за подготовка и поднесување на барањата може да се најде на веб-страницата на Агенцијата.
Методија Трајков