Петнаесетта сесија од Работната група 3 „Правосудство и основни права“ (Поглавје 23)
Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Скопје ќе ја одржи 15-та сесија од Работната група 3 „Правосудство и основни права“ (Поглавје 23) на тема: „Пристап до правдата: Подигнување на ефикасноста на судските постапки и квалитетот на судската правда“...

Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Скопје ќе ја одржи 15-та сесија од Работната група 3 „Правосудство и основни права“ (Поглавје 23) на тема: „Пристап до правдата: Подигнување на ефикасноста на судските постапки и квалитетот на судската правда“.
На панел-дискусијата се очекува да се разменат експертизи, мислења и ставови за квалитетот и ефикасноста на судските постапки во Република Северна Македонија, како и пристапот до правдата во македонскиот правосуден систем.
-Квалитетот на судската правда е во тесна поврзаност и зависи од ефикасноста на судските постапки. Честите критики за бавноста на судските постапки, заедно со недоволната транспарентност и проблемите со пристапот до правдата, ги доведуваат граѓаните до незадоволство и опаѓање на довербата во правосудниот систем, што е евидентирано и во последниот Извештај на Европската комисија. Според Извештајот, недостигот од независност и влијанието врз судството остануваат значајни проблеми во Северна Македонија, со системски недостатоци кои бараат итни реформи, велат организаторите.
Како што е наведено во Извештајот на Европската комисија, Платформата за интероперабилност е клучна за подобрување на ефикасноста на правосудниот систем во земјата бидејќи ќе овозможи побрза и посигурна размена на податоци.
Според Европските стандарди за интероперабилност (European Interoperability Framework (EIF) – European Commission, 2017), оваа платформа би обезбедила унифициран начин на комуникација, намалување на бирократските бариери и поголема правна сигурност.
