Инвеститори од Хонг Конг го купија Форбс
Стив Форбс и натаму останува претседател на одборот на директори и главен уредник на списанието „Форбс“...

По 97 години семејната компанија, „Forbes media“ објави дека мнозинскиот удел е купен од група на инвеститори со седиште во Хонг Конг.
Стив Форбс и натаму останува претседател на одборот на директори и главен уредник на списанието „Форбс“.
Износот на трансакцијата не е објавен, но добро упатени извори за агенцијата „Блумберг“, тврдат ека компанијата е проценета на 475 милиони долари. Семејство Форбс ќе задржи малцински удел во неа.
Седиштето на компанијата останува во САД, но е најавен план за меѓународна експанзија. Од „Форбс“ тврдат дека пристигнуваат до 75 милиони луѓе во целиот свет преку печатените изданија, интернет страници, телевизија, конференции и анализи.
Свето Николовски
