Македонија
Јаневска на конститутивна седница на Националното координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот
06.11.2024 08:21
Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе претседава со конститутивната седница на Националното координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот...

Денеска во Клубот на пратеници, ќе се одржи конститутивна седница на Националното координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот.
Иницијативата за формирање на Националното координативно тело произлегува од програмата за работа на Владата и со истото ќе претседава министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.
