СРБИЈА

Протести во Нови Сад, се бара одговорност за несреќата во која загинаа 14 лица, а тројца се повредени

06.11.2024 08:35

Демонстрантите го демолираа Градското собрание со палки и камења, а во приземјето избувна пожар...

Нови Сад по уривањето на настрешницата на железничката станица во која загинаа 14 лица, а тројца се повредени. Демонстрантите го демолираа Градското собрание со палки и камења, а во приземјето избувна пожар.

Просториите на владејачката Српска напредна странка исто така беа нападнати со боја. За време на нередите нападната беше и екипа на Н1.Уапсени се неколку лица.Организаторите се оградија од нередите, со обвинувања дека имало инфилтрирани групи.

На протестот во Белград присуствуваа голем број граѓани од цела Србија, а низ градот беа распоредени голем број полициски сили. Претседателот Вучиќ во видео-обраќање изјави дека во Нови Сад не бил организиран комеморативен протест, туку напади врз неистомислениците.