Партии

Седница на Централниот одбор на СДСМ

06.11.2024 08:37

На 24-ти ноември ќе се одржи 30-от конгрес на СДСМ на којшто ќе се избере новиот централен одбор и ќе се разговара за идните политики на партијата, а треба да продолжи и 29-от конгрес за изборните резултати...

На седницата на Централниот одбор на СДСМ се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјата. За само 5 месеци, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изневерија граѓаните и ги погазија сите изборни ветувања, пред и за време на изборната кампања. Власта спроведува погрешни економски политики поради кои животниот стандард на граѓаните опаѓа, цените растат, а се намалуваат платите, додека на грбот на граѓаните се товарат нови долгови, оценка на Централниот одбор.

Според СДСМ, владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ досега не испорача никаков резултат, ја загрози европската перспектива на земјата и Македонија ја води во голема неизвесност. На 24-ти ноември ќе се одржи 30-от конгрес на СДСМ на којшто ќе се избере новиот централен одбор и ќе се разговара за идните политики на партијата, а треба да продолжи и 29-от конгрес за изборните резултати, кој беше прекинат на барање на општинските организации.