Зеленски тврди дека во регионот Курск се распоредени 11.000 севернокорејски војници
Зеленски предупреди дека првите битки со севернокорејските војници отвораат нова страница на нестабилност во светот...

Украинскиот претседател вели дека 11.000 севернокорејски војници се распоредени во рускиот регион Курск за да ја поддржат руската армија. Зеленски предупреди дека првите битки со севернокорејските војници отвораат нова страница на нестабилност во светот. Претходно шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Г-7 објавија дека се сериозно загрижени поради распоредувањето на војската на Пјонгјанг во Русија и можноста тие да бидат искористени во војната против Украина.
„Сакам да им се заблагодарам на сите во светот кои реагираа на распоредувањето на севернокорејските војници во Русија. И кои реагираа не само со зборови, туку и подготвувајќи соодветни акции за поддршка на нашата одбрана овде во Украина. Теророт, за жал, може да се прошири како вирус кога не наидува на доволно спротивставување“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
