Политика

Мицкоски со честитка до Трамп

06.11.2024 09:54

Тој порача дека Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател...

Премиерот Христијан Мицкоски му честиташе победа на кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп.

„Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи“ – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој порача дека Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.