Македонија

Филипче му ја честиташе победата на Доналд Трамп

06.11.2024 10:16

Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи, вели Филипче...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче му ја честиташе победата на претседателот на САД, Доналнд Трамп.

Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, му ја честитам победата на изборите на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи. Северна Македонија и Соединетите Американски Држави имаат долгогодишни врски на пријателство и соработка, и верувам дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш взаемен напредок и благосостојба, вели претседателот Филипче.