Центарот за управување со кризи

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворено, два сè уште активни

06.11.2024 10:23

Од Центарот за управување со кризи информираат дека имало вкупно 1.619 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 58,99%, а 41,01% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни...

Од Центарот за управување со кризи информираат дека имало вкупно 1.619 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 58,99%, а 41,01% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 70,78%, кон Итната медицинска помош 22,89%, а кон пожарникарите 3,92% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 672 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“.

Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.

Вкупно 14 пожари се регистрирани во текот на вчерашниот ден, од кои два се сè уште активни, а 12 се изгаснати. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), гореле шуми, депонија и стрниште.

Активи се пожарите во општините Зелениково и Крушево. Во Зелениково гори ниска густа шума, а во Крушево букова шума и сува трева. Поради непристапност, пожарите сè уште не се изгаснати. Од утрово пожарникарите повторно интервенираат на пожарот во Крушево, стои во соопштението.