Од вечерва во Кинотека проекција на серија грчки филмови

06.11.2024 10:25

Од вечерва во Кинотека на Северна Македонија, со почеток во 19 часот македонската јавност ќе има можност да се запознае со современите грчки филмови кои стекнале популарност и во Грција и пошироко...

Од вечерва во Кинотека на Северна Македонија, со почеток во 19 часот македонската јавност ќе има можност да се запознае со современите грчки филмови кои стекнале популарност и во Грција и пошироко. Всушност,  вечерва започнува серијата проекции со наслов „Ајде да се запознаеме“ проект на  Амбасадата на Грција во Северна Македонија.

„Ајде да се запознаеме“ ќе започне  со повеќекратно наградуваниот филм „Мала Англија“ (2013, 2х12) на Пантелис Вулгарис, еден од најзначајните грчки режисери, кој заедно со Теодорос Ангелопулос се главни претставници на трендот на Новата грчка кинематографија, која стана светски позната во 70-тите.

Се работи за романтична драма, која се врти околу тоа како договорениот брак ќе го размрда животот на едно семејство во периодот помеѓу 30-тите и 50-тите години. Дејството на филмот се одвива на островот Андрос, наречен Мала Англија поради финансиската моќ на неговите жители. Филмот „Мала Англија“ е производ на соработката на режисерот Панделис Вулагарис и истакнатата грчка писателка Јоана Каристианис.Филмот е добитник е на  6 признанија од Грчката Филмска Академија и награда за најдобар филм на 17. Меѓународен филмски фестивал во Шангај.