Политика

Сиљановска Давкова со честитка до Трамп: Уверена сум дека нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено

06.11.2024 10:58

Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност...

Уверена сум дека во периодот што следи, нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели-претседателката Гордана Сиљановска Давкова го честиташе изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави.

Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот-напиша претседателката Сиљановска Давкова во честитката.