Жена брутално убиена од поранешниот сопруг Македонец во Германија
30-годишна жена била брутално убиена од својот поранешен партнер, македонски државјанин, кој ја нападнал со месарски нож во присуство на нејзините три малолетни деца...

Во Дортмунд, Германија, 30-годишна жена била брутално убиена од својот поранешен партнер, македонски државјанин, кој ја нападнал со месарски нож во присуство на нејзините три малолетни деца.
Како што соопштија германските весници, по нападот, сторителот побегнал, оставајќи ја жената тешко повредена во ходникот. Децата, на возраст од 3, 4 и 6 години, побарале помош од соседите, кои ја известиле полицијата.
Децата биле згрижени од социјалните служби и примиле медицинска помош во Детска клиника. „Билд“ пишува дека жената неодамна се разделила од сопругот кој бил македонски државјанин. Таа долго време трпела семејно насилство, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.
