Билатералниот спор со Бугарија, во моментов е најголемата пречка на патот кон ЕУ семејството
На Катедрата Аденауер во Битола владините претставници и експертската фела порачаа дека на патот кон ЕУ во моментов најголема пречка е решавањето на билатералниот спор со Р. Бугарија. Сметаат дека промената на американската администрација нема да влијае толку колку како ќе се решаваат воените конфликти во Украина и другите жаришта …

Предусловите одамна ги имаме исполнето, но патот кон ЕУ во моментов го попречуваат само билатералните прашања со Бугарија. Проблем кој треба да се реши со еден отворен дијалог но не и помалку посветено да работиме на предностите и недостатоците кој се евидентирани во извештаите на Европската комисија посебно во областа на борбата против корупцијата.
Во фокусот на вниманието и кои се главните причини за пасивноста на Европска унија кон земјите од Западен Балкан. За универзитетската фела претседателската промена во САД нема да има некое радикално влијание во политиката на проширување.
Учесниците со единствена оценка дека потребно е максимална посветеност и што поскоро решавање на проблемите кои ни се вештачки наметнати затоа што нашата земја во односот на земјите од опкружувањето, одамна покажа дека е поподготвена.
Стевче Митревски
