Во Батинци осветлен патот и изградена пешачка патека

21.07.2014 15:19

Јавното претпријатие за државни патишта постави во селото Батинци ново осветлување во должина од 2,2 километри и изгради пешачка патека.

Со 79 канделабри осветлен е делот на 500 метри од бензиската пумпа во Батинци во правец кон Марков манастир. Покрај ова, поставена е и нова сообраќајна сигнализација во должина од 10 километри.

Според градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, се работи за значајна инвестиција со која се зголемува безбедноста во сообраќајот и се подобрува животот на жителите на Батинци.

Инвестицијата е вредна 30 милиони денари, обезбедени со заем од Светска банка.