УХМР

До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд

06.11.2024 12:22

По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот, соопшти УХМР.

До сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност.

По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот, соопшти УХМР.

Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и постудено, а во понеделник наместа се очекуваат повремени врнежи.