Ефикасен правосуден систем, клучен фактор за владеење на правото
Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото. Институциите треба поажурно да работат на податоците битни за постапката, Обвинителствата ги одвлекуваат со години истрагите што навлекува корупција-оцени стручната фела во рамки на Сесијата на работната група за правосудство. Потребни се измени во Уставот и решителност на општеството да се ослободи од лошо судство – порачаа правни експерти од странство...
Извршната власт не може сама да постигне реформи во правосудството. Клучната улога ја има секој јавен обвинител, нивниот дигнитет и професионалност, рече министерот за правда Филков на Националната конвенција на Европската унија во земјава.
Според правниот експерт од Хрватска Туркаљ, потребни се измени во Уставот со целосен консензус од власта и опозицијата и секако решителност општеството да се ослободи од лошо судство.
Институциите треба поажурно да работат на податоците битни за постапката. Голема пречка е и незаживеаноста на интероперабилниот модел, уверува судијката од Кривичниот суд, Алексовска Стојановска.
Обвинителствата ги одолговлекуваат истрагите со години, иако роковите се од 6-18 месеци. Ова остава простор и за корупција. Новинарот Маглешов вели дека роковите за Обвинителствата мора да се задолжителни.
Меѓу најдолго отворените истраги ги наведе, за Еуростандард банка од 45 месеци, за владината фасада од 31 и за „автор“ од 79 месеци. Во земјава најмногу се кршат човековите права поради долго траење на постапките согласни се учесниците.
Фиљана Кока
