Демонстрантите од протестите за „Монструм“ пред суд- велат дека се невини!
Осумтемина обвинети се товарат за кривично дело што го сториле за време на четвртојулските протести поради пресудата за „Монструм“.

Фрлале камења, дрва и бекатон плочки. Ги искршиле прозорците на Kривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје. Од улицата Цветан Димов, па преку Јаја Паша стигнале во толпата кога сториле штета од милион и шестотини денари.
Повредиле 20 полициски службеници од кои четворица тешко. Осумтемина обвинети се товарат за кривично дело што го сториле за време на четвртојулските протести поради пресудата за „Монструм“.
Пред судот ги отфрлија обвиненијата. Не се чувствуваат виновни. Речиси сите од бранителите посочуваа дека според доказите, особено фотографиите на обвинителството, обвинетите не се наоѓале пред судовите. Приложените докази вели еден од адвокатите, се однесувале на друго лице и од друг ден.
„Фотографијата која ја презентира обвинителството како доказ од 04.07 дијаметрално се спротивставува со фотографијата од полицијата на 05.07 кога се пријавил во полициска станица, што значи дека не станува збор за исто лице“, вели адвокатот Скендер Мемети.
„Нема доволен доказ со кој што ќе посочат дека навистина каршел прзорци на Основен суд во Скопје, навистина се гледа дека протестираат и дека фотографиите кои се направени се направени на почетокот“, рече адвокатот Армис Алиспахиќ.
Биле наоколу, но, не на критичното место. Еден од обвинтеите продавал натезгите, алфите сакале да земат од плодовите тој се спротивставил и затоа бил приведен, друг седел во кафеана, па бил нападнат од полицијата, вакви наводи се слушнаа во судницата од адвокатите на одбраната.
Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите ќе треба да надоместат штета од близу 30.000 евра.
Фиљана Кока
