Култура

„Вардар филм“ започна дигитализација на аудио ленти од 1940 до 2000 година

06.11.2024 14:56

Станува збор за околу 400 ленти кои содржат радиодрами, документарни филмови, македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во продукција на Вардар филм...

Деновиве во просториите во НУФЦ Вардар филм започна дигитализација на аудио ленти од период 1940 до 2000 година кои беа зачувани во депото на Вардар филм.

Станува збор за околу 400 ленти кои содржат радиодрами, документарни филмови, македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во продукција на Вардар филм.

„Процесот на дигитализација се одвива во колор грејдинг студиото кое е функционално и како нелинеарна видео монтажна станица и е по иницијатива на вработените на Вардар филм со цел да се зачува наследството на установата во целост и ќе трае неколку месеци. По обработка на сите ленти и физички забелешки кои следуваат со секоја од лентите, фајловите ќе бидат архивирани и попишани во дигитална дата база“, соопштија од Вардар филм.