Унгарија: Македонија има економски резултати за респект
Преку Македонија, Унгарија ќе ги освојува Балканските пазари...
Македонија бележи економски резултат за респект, со овој став унгарската влада најави интензивирање на соработка- преку државава ќе ги освојува и Балканските пазари. Во Скопје го отвори првото економско преставништво во Југоисточна Ервопа. Малите и средни бизниси ќе бидат моторот што ќе ги влече напред трговските односи...
„Македонија во изминатиот период постигна извонреден економски резултат што е за респект, добра шанса да ја унапредиме досегашната соработка, Владата на Унгарија се обврза да работи на унапредување на билатералните односи, во нашата надворешно трговска размена оваа земја има истакнато место и се смета за посебно важен партнер“, истакна Петар Сјарто, Заменик министер за надворешни работи и трговија на Унгарија.
Иста визија за зголемена соработка, инвестиции, трговија и поголемо присуство во регионот – заеднички интереси за јакнење и на политиките и на економската соработка. Унгарија со активен политички дијалог и принципиелната подршка за евроинтергативните процеси на Македонија.
„Убеден сум дека оваа мудра одлука на Унгарската влада да отвори трговска куќа во Скопје, ќе ги интензивира бизнис контактите и ќе ги заврсти воспоставените односи меѓу деловните заедници, Македонија природно припаѓа на големото европско семејство не само поради географската положба, туку и затоа што со голем број европски земји дели историски и културни врски, исти вредности“, нагласи шефот на дипломатијата, Никола Поповски.
Унгарската влада има отворено 8 вакви институции во источноевропски замји на Блискиот исток. Првото економско преставништво на Унгарија на Балканот ќе посредува бизнис контакти мегу маќедонските, унгарските компании и менаџерите од Југоситочна Европа. Ќе се фокусира на земјоделството, прехранбената индустрија, архитектурата градежништвото, фармацијата.
„Македонските комапнии максимално да ја искористат можноста за воспоставување или јакнење на веќе етабилирани партнерства со фирми од Унгарија што ќе отворат и нови правци во трговската размена“, рече министерто за економија, Беким Незири.
Скопје и Будимпешта имаа одлични политички односи, но огромни несикористени потенцијали во меѓународната трговија и инвестициите - велат познавачите. Унгарската трговска куќа отвора нови правци за поголема трговска размена.
Сузана Фиданска- Стоевска
