Финансии

Компаниите набрзо ќе ги добијат парите од унгарскиот кредит, уверува власта

06.11.2024 15:03

Банкарите тактизираат. Нема информации за провизиите. Економистите велат-на стопанството итно му требаат свежи пари за поголема конкурентност...

Бизнисот многу скоро ќе ги добие парите од унгарскиот кредит под истите услови, државата ќе плати камата од 3,25% кон Експорт- импорт банката, уверува власта.

Банкарите тактизираат. Нема информации за провизиите. Економистите велат-на стопанството итно му требаат свежи пари за поголема конкурентност.

Бизнис-еснафот повика да се имплементира договореното. На компаниите им требаат пари за подобро работење.

Банкарите очекуваат, пак, да седнат на маса со министерката за финансии, да ги допрецизираат условите за заемот од Унгарија, вреден 250 милиони евра.

Сега останува дали отплатата ќе биде 15 години, колку што инсистира државата или максимум 10, колку што е пракса кај банките.

Борис Грујовски