Резултатите од изборите во САД во живо на МТВ- четири часа отворена програма на јавниот сервис
Македонската телевизија по најновите светски стандарди го следеше пребројувањето на американските гласови...

Изборните резултати од најнеизвесните избори во САД се следеа во живо на Македонската телевизија од пет до девет часот наутро. Четири часа отворена програма на Јавниот сервис со директни вклучувања во Вашингтон.
Стојан Трпчевски и Катерина Топалова со анализа за исходот од изборите. Во студиото од рано наутро гости беа дипломати, комуниколози, експерти за безбедност. Виртуелен приказ на „овалната соба“ и Белата куќа, графички приказ на резултатите, детално известување за историските избори во САД, вклучувања во СИ-ЕН-ЕН и БИ-БИ-СИ.
Македонската телевизија по најновите светски стандарди го следеше пребројувањето на американските гласови.
Вечер од 20:15 часот најавуваме Отворено студио со Мартин Пушевски. Анализираме што ќе донесе новата политика на администрацијата на Вашингтон.
