Македонија
Регистриран слаб земјотрес во близина на Скопје
07.11.2024 08:12
Потресот е регистриран во 5:49 часот, според македонско време, а епицентарот бил на осум километри северо-западно од главниот град на земјава, на границата меѓу Македонија, Косово и Србија.

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистиран во близина на Скопје, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Потресот е регистриран во 5:49 часот, според македонско време, а епицентарот бил на осум километри северо-западно од главниот град на земјава, на границата меѓу Македонија, Косово и Србија.
Земјотресот бил на длабочина од осум километри.
Засега нема информации од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факулет во Скопје за јачината и локацијата на потресот.
