Ракомет

Секое натпреварување е приказна за себе

12.12.2013 15:43

На прес конференција селекторот на македонската ракометна репрезентација се произнесе за целите,изборот на играчи и планот за подготовки пред европското првенство во Данска.

На прес конференција селекторот на македонската ракометна репрезентација се произнесе за целите,изборот на играчи и планот за подготовки пред европското првенство во Данска.

„Не треба да се поставуваат цели, тоа е погрешен пристап, ако сме биле 5-ти сега да бидеме 4-ти.Со двајцата нови играчи го пополнуваме ростерот, ќе донесат широчина и ќе бидеме поблиску до пласман во вториот круг на европското првенство“- беше дециден селекторот Ивица Обрван на денешната презентација на списокот со 28 ракометари кои се во комбинација за настап на европското првенство во Данска. На него се и натурализираните Ренато Вугринец и Немања Прибак кои од денеска се со македонски пасош, но како и за сите други решавачки за носење на репрезентативниот дрес ќе бидат подготвеноста и формата.

Со двата нови играчи ќе бидеме поблиску до целта, да ја минеме првата фаза, а потоа ќе биде полесно да се игра.Македонија беше 5-та на последното европско првенство, тоа е феноменален успех,но играше како на домашен терен. Секое натпреварување е приказна за себе“- вели Обрван.

Сепак , по се изгледа селекторот токму во првата фаза нема да може да смета на Прибак кој пред три години на средината на јануари има последен настап за Србија, но во секој случај очекува тој и Вугринец да ја освежат надворешната линија и да овозможат ротација.

А до европското, македонската селекција ќе се собере на 21 овој месец, на подготовки и контролна средба со Словенија ќе биде во Пореч, за Нова година дома со слободен ден и за Божик, а во меѓувреме и со нови две контроли против Србија и Црна Гора најверојатно во СРЦ Кале. За Данска ќе се патува на 11 јануари, на 12-ти е натпреварот со домаќинот, по два дена со Чешка, а првата фаза ќе биде заокружена против Австрија на 16-ти јануари.

 

Зоран Видевски