Приведени двајца криумчари на мигранти
Претходно, околу 19.15 часот во близина на с. Табановце, кумановско, на автопатот „Пријателство“, полициски службеници ги забележале лицата како во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., а Г.П. бил сопатник, сместуваат три женски лица мигранти од Непал...

На 06.11.2024 во 21.10 и 21.30 часот во близина на с. Костурник, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода И.Н.(32) од с. Крушопек, скопско и Г.П.(50) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Претходно, околу 19.15 часот во близина на с. Табановце, кумановско, на автопатот „Пријателство“, полициски службеници ги забележале лицата како во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., а Г.П. бил сопатник, сместуваат три женски лица мигранти од Непал.
Притоа, тие не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници, а откако биле употребени средства за присилно запирање на возилото го напуштиле возилото. Веднаш потоа мигрантите биле пронајдени и биле сместени во Транзитниот центар Табановце, а по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода и ИН. и Г. П.
