Скопје
Пожар избувна во магацин на Железници, горат стари вагони
07.11.2024 09:57
Голем пожар избувна синоќа во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски железници транспорт во Кисела Вода...

Голем пожар избувна синоќа во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски железници транспорт во Кисела Вода. Пожарот е активен и утрово.
Од објектот се крева црн чад, а противпожарните екипи во моментов се на терен. Присутни се и инспектори од МВР, кои ќе ги прегледуваат надзорните камери за да утврдат што се случило.
Засега нема информации за повредени.
