Нови Сад

Вучевиќ: Власта не бега од политичка одговорност

07.11.2024 11:54

Српскиот премиер Милош Вучевиќ оцени дека обвинителите и експертите кои ја истражуваат несреќата во Нови Сад треба да се остават да ја завршат својата работа и да дадат одговори...

Српскиот премиер Милош Вучевиќ оцени дека обвинителите и експертите кои ја истражуваат несреќата во Нови Сад треба да се остават да ја завршат својата работа и да дадат одговори на прашањето како дошло до фаталниот инцидент. Тој додаде дека власта не бега од политичка одговорност, и дека нема да заврши со оставката на министерот Весиќ, но дека не ги поддржува насилните протести и екстремни групи кои се обиделе да злоупотребат голема национална трагедија. Опозицијата негираше вмешаност во нередите во Нови Сад.

„Тоа што се случи потоа нема врска со таа голема трагедија, несреќа, пред сè нема врска со она по што копнее цел народ, а тоа е да се добијат одговори на прашањето како се случило, зошто се случило и секако кој е виновен и кој е одговорен. Најголем број луѓе се собраа поради тага, а помала група го злоупотреби собирот. Кога почна нападот на Градското собрание, 90 проценти од луѓето го напуштија собирот“, изјави Милош Вучевиќ, премиер на Србија.