Блиски Исток
Тензично на Блискиот Исток
07.11.2024 11:57
Хезболах истрела над 150 ракети кон Израел, во западниот дел на Галилеја и заливот Хаифа...

Хезболах истрела над 150 ракети кон Израел, во западниот дел на Галилеја и заливот Хаифа. Бомбардиран е и аеродромот Бен Гурион.
Воздушни напади и од Газа. Тел Авив ја проширува копнената офанзива на северот од енклавата до градот Беит Лахија по разузнавачки информации дека членови на Хамас дејствуваат таму.
Во напади врз Либан убиени десетици оперативци на Хезболах. Протестите во Тел Авив продолжија по смената на министерот за одбрана.
