Калифорнија

Илјадници луѓе се евакуирани во јужна Калифорнија поради пожар кој брзо се шири

07.11.2024 11:58

Илјадници луѓе се евакуирани поради пожарите што брзо се шират на југот од Калифорнија...

Илјадници луѓе се евакуирани поради пожарите што брзо се шират на југот од Калифорнија.

Гувернерот на областа побара итна помош од Федералната агенција за управување со вонредни состојби откако за само неколку часа т.н. „Планински пожар“ северозападно од Лос Анџелес се прошири и уништи домови.

Во истовреме уште еден пожар пламти во близина на имоти од неколку милиони долари покрај Пацифичкиот брег во Малибу. Поради силните ветрови, метеоролозите предупредуваат дека може да станат екстремни и животозагрозувачки.