Македонија

Целосно изгаснат пожарот во МЖ Транспорт

07.11.2024 12:58

Целосно изгаснат пожарот во МЖ Транспорт. Ноќеска избувнал оган во магацински простор каде што се чувале стари вагони. Интервенирале 30 пожарникари со 10 возила. Надлежните ќе ја утврдуваат причината за несреќата …

Во воздухот се чувствува миризбата од големиот пожар што се случил ноќеска во депото во Македонски железници Транспорт. Во 1:45 било пријавено дека тука има пожар. Пожарот бил локализиран во 3:30. Во 9 часот утринава било пријавено дека пожарот е активиран.

По интервенцијата на противпожарната бригада пожарот бил целосно изгаснат. Директна материјална штета нема, вели за МТВ првиот човек на МЖ Транспорт.

Поради голем застој во товарниот сообраќај, минатиот месец МЖ Транспорт позајми четири локомотиви од Србија за да тргнат вагоните кои се трупаа на македонско-грчката и на македонско-српската граница. Локомотивите од Србија се активираат по потреба. Надлежните се надеваат дека по ремонтот на локомотивите, железницата ќе има капацитет самостојно да го покрива товарниот транспорт.

Светските и европските тенденции сè што повеќе да се користи железничкиот транспорт затоа што е најдобар за животната средина. Но, кај нас правецот во кој се движи железничкиот сообраќај е сосема спротивен.

 

Наташа Јанчиќ Менковски