Расте бројот на финансиски измами, потребна е поголема едукација
Во дигиталната ера растат измамите во онлајн продажбите, но во пораст се и финансиските измами. Од организацијата на потрошувачи велат потребна е многу едукација. ОПМ изработи нова платформа на која граѓаните лесно ќе може да ги пријават измамите од финансиската сфера...

Измами со брзи кредити, при плаќање со платежните картички на интернет, измами при осигурување, лажни наградни игри, пирамидални интернет шеми. Ова се најчестите поплаки за финансиски i измами кои стигнуваат до Организацијата на потрошувачи на Македонија.
Ризик има при секое купување онлајн. Трговијата на социјалните мрежи е нелегална, нема данок, нема фискална и од ОПМ ги повикуваат граѓаните да купуваат само од регистрирани онлајн продавници.
„Многу треба едукација во овој домен самите млади треба да знаат како да ги користат картичките како да ги сочуваат да можат при плаќање да може да плата. Опасно е и она плаќање со допирање на картичката во случај на кражба некој може во континуитет да пазарува. Стално да го имаат бројот да знаат каде да пријават“, вели Маријана Лончар претседател на ОПМ.
ОПМ изработи нова платформа на која граѓаните лесно ќе може да ги пријават измамите од финансиската сфера.
„Изработи дигитална алатка односно платформа од која се пристапува преку веб-страницата на ОПМ каде секој кој има проблем во делот на финансиските услуги без разлика дали е за осигурување, банкарство, кредити, финансиски друштва лизинг“, вели Татјана Тасевска правен советник во ОПМ.
Во дигиталната ера растат измамите во онлајн продажбите но во пораст се и финансиските измами. Само во изминатата година до Државниот пазарен инспекторат пристигнале 1.200 претставки, дневно во ОПМ стигнуваат по десеттина пријави.
Соња Рилковска
