Трошоците на живот во октомври пониски за 0,7%, а цените на мало за 0,1%
Намалувањето на инфлацијата во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 2,2 %, Ресторани и хотели за 1,5 %, Рекреација и култура за 0,9 %.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на септември годинава, бележи намалување од 0,7, а цените на мало за 0,1 отсто. Во споредба, пак, со отомври 2023 година, трошоците на животот се зголемени за 3,5, додека цените на мало за 3,9 проценти – соопшти Државниот завод за статистика.
Намалувањето на инфлацијата во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 2,2 %, Ресторани и хотели за 1,5 %, Рекреација и култура за 0,9 %.
Во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,4 %, Облека и обувки за 1,4 %, Транспорт за 0,7 %, Здравје за 0,3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0,2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и комуникации за 0,1 %.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
