МНТ со „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар во Битола
Вечерва во чест на 80-годишнината од формирањето на НУ Народен театар Битола, Македонскиот народен театар ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска...

Вечерва во чест на 80-годишнината од формирањето на НУ Народен театар Битола, Македонскиот народен театар ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.
Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.
Претстава „Бели ноќи“ својата премиера ја имаше на 17 октомври на малата сцена во МНТ и наиде на многу позитивни коментари од страна на публиката. Следните изведби во МНТ, на оваа љубовна драма, се закажани на 15 и 28 ноември со почеток во 20 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба.
Фото: МНТ
